Правдико

   

Државата ќе му плати 42 илјади евра на Верушевски за претрпена душевна болка

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судијката Јехона Садику во отсуство на ексразузнавачот Зоран Верушевски ја изрече пресудата за тужбата за нарушени чест и углед и неоснованиот притвор. Државата треба на Верушевски да му плати два милиони и 580 илјади денари плус камата, или приближно 42 илјади евра.

Верушевски ја тужеше државата за двата неосновани притвора со кои беше во затвор 11 месеца во 2015 година за случајот „Пуч“ и обвинението за неовластено поседување оружје.

Отштеното побарување на Верушевски беше 4 милиони и 104 илјади денари, или приближно 71 илјада евра.

Верушевски пред судот рече дека мотивот на тужбата е да се заокружи личната семејна голгота која му ја наметнала државата со конструкција без преседан во историјата на државата.

Верушевски кажа дека сите оние кои му го скроиле ова се надвор од лицето на правдата, алудирајќи на обвинителството и полицијата.

Според тужбеното барање, Верушевски доживеал душевна болка поради неоснованото апсење и држењето во притвор 344 дена, за што беше доставен психијатриски наод.
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го товареше ексразузнавачот Зоран Верушевски за неовластено прислушување и тонско снимање, шпионажа и насилство спрема претставници од највисоки државни органи.

Верушевски од јануари 2015 до крајот на декември 2015 година беше беше во притвор. СЈО го повлече обвинението за случајот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико