Правдико

   

Државата ќе отпише над 10 милиони евра долгови на граѓаните

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Собранието го изгласа законот за отпис на камати и репрограмирање долгови и трошоци на физички лица, со што над 10 милиони евра долгови на граѓаните ќе бидат отпишани, соопшти Министерството за правда.

Со законот се бришат каматите на сите предмети што се дадени за извршување заклучно со 31.12.2017 година од страна на јавни и државни претпријатија или државни органи и установи.

Со законот се предвидува и репрограмирање на долгот, односно плаќањето на главниот долг да биде на рати. Колку е поголем долгот, толку ќе се зголемува рокот на отплата, односно ќе се исплаќа на повеќе рати.

„Во однос на репрограмирањето, со новото законско решение се предлага плаќањето на главниот долг и трошоците во постапките пред судот, нотарот и извршителот да се врши во месечни рати, во зависност од висината на долгот и трошоците. Доверителите што се во државна или јавна сопственост, по сила на овој закон, се должни да направат целосeн отпис на каматите и репрограмирање на главниот долг и трошоците во рок од три месеци од денот на стапување во сила на овој закон“, појаснуваат од Министерството.

Доверителите што се во приватна сопственост, отписот на каматите, како и репрограмирањето на главниот долг и трошоците, го вршат на доброволна основа.

Законот, кој вчера беше изгласан, ќе стапи во сила осмиот ден од денот на објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Партнери на Правдико