Битолски државен инспектор земал плата, а не доаѓал на работа | Правдико

Правдико

   

Битолски државен инспектор земал плата, а не доаѓал на работа

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Против двајца вработени во Државниот пазарен инспекторат е поднесена кривична пријава, така што против 31 годишниот битолчанец е поднесена пријава за фалсификуавње исправа и злоупотреба на службена положба и овластување, а против 54 годишна ресенчанка пријава за злоупотреба на службена положба и овластување.

10112016140659_web_mvr-zgrada

– Првопријавениот во текот на 2015 година неоправдано отсуствувал од работното место 26 работни дена, а на списокот за редовност се водел како присутен. Во овие денови истиот патувал во странство, а последователно во времето кога бил присутен на работното место се потпишувал и за нив дека бил наводно присутен, со што извршил фалсификување на евиденцијата, а иако бил неоправдано отсустен пријавениот редовно ја примал платата со што го оштетил Буџетот на Македонија. Второпријавената како одговорен работник, иако била должна да ја води евиденцијата за присутност на вработените, таа им ја оставила истата на вработените сами да се потпишуваат во неа, дали и кога се присутни на работните места без при тоа да врши контрола, со што му овозможила на првопријавениот да го стори кривичното дело – објаснуваат од Министерството за внатрешни работи.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико