Правдико

   

Државен карантин на сопствен трошок за 13 лица меѓу кои и еден полициски службеник

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во текот на изминатото деноноќие (21/22.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 566 лица им се издадени решенија за изолација, а 178 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, а две лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација . Од стапување на сила на уредбата за непочитување на решенијата за изолација и самоизолација од 12.06.2020 до денеска 22.06.2020 година во државен карантин на сопствен трошок спроведени се вкупно 13 лица меѓу кои и еден полициски службеник, а против лицата ќе бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РСМ. Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 707 прекршоци.

Партнери на Правдико