Државен завод за статистика: Континуирано се зголемува бројот на отселени граѓани
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Според процената на населението (состојба 31.12.2014), во Република Македонија има 2.069.172 жители што е за 16.450 лица или 0.8% повеќе во однос на 2009 година и 33.976 лица или 1.7% повеќе во однос на 2004 година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
„Во периодот од 2004 до 2014 година се забележува континуирано зголемување на бројот на отселени граѓани од Република Македонија и на доселени странци во Република Македонија. Во однос на старосната структура, македонското население сè повеќе старее. Во периодот од 2004 до 2014 година, учеството на младото население (0-14 години) во вкупното е намалено од 20.0 % на 16.8%, а учеството на старото население (65 и повеќе години) е зголемено од 10.9 % на 12.7%.“, соопшти ДЗС во публикацијата „Македонија во бројки“
Во периодот од 2004 до 2014 година се забележува и стагнaција на стапката на наталитет од 11.5 промили во 2004, на 11.4 промили (живородени на 1000 население) во 2014 година.
Промените во старосната структура на населението имаат своја рефлексија врз бројот на умрени лица во земјата. Бројот на умрените лица придонесе за зголемување на стапката на морталитет која во 2014 година изнесува 9.5 промили, за разлика од 2004 година кога изнесуваше 8.8 промили (умрени на 1000 население).
Во периодот од 2004 до 2014 се забележува намалување на бројот на склучени бракови за 1.8 % и зголемување на бројот на разводите за 34.3%.
Извор: еМагазин