Правдико

   

Државјанка на Турција била насилно држена во куќа

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Државјанка на Турција била насилно држена во с. Дорфулија и при тоа ѝ била одземен пасошот со што не можела да замине за својата земја. Настанот бил принавен во полиција вчера околу 14.50 часот. Во полициската станица во Струмица, А.П. (46) од с.Дорфулија, општина Лозово, пријавил дека Л.Б. (26) од с.Баница ѝ ја земала патната исправа на Р.А.(22) од Република Турција и не ѝ дозволувала да си оди за Република Турција.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што било утврдено дека во с.Баница, во куќата на Л.Н., се наоѓа Р.А..

Истата, откако ги забележала полициските службеници, се стрчала кон нив и побарала помош, а Л.Б. во присуство на полициските службеници ѝ ја вратила патната исправа.

На Р.А. ѝ е обезбедено сместување во хотел, а на 16.05.2017 година со авионски лет од Аеродром „Александар Велики“ ќе биде вратена во Република Турција.

Во консултација со Основно јавно обвинителство против Л.Б. ќе биде поднесена кривична пријава за „противправно лишување од слобода“.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико