Државјанка на Турција ограбена во Гостивар
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Државјанка на Турција, која студира во Гостивар, била нападната и ограбена од страна на непознат сторител.
Имено, додека 21-годишната девојка се движела по улицата Браќа Гиноски, била пресретната од непознато лице кое насилно ја одвлекло зад зградата и кога не успеало да изврши обљуба над неа, ѝ ја одзел чантата во која имала мобилен телефон и околу 600 денари, по што лицето го напуштил местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
Извор: Макфакс