Правдико

   

Државниот инспекторат за труд апелира работниците да пријават присилно отпуштање

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Откако дел од работодавачите на вработените им поделија спогодби за напуштање на работните места за време на корона кризата, Државниот инспекторат за труд апелира работниците да пријават кај нив секое присилно отпуштање. Директорот на Инспекторатот Аљадин Хавзиу вели дека постапуваат секаде каде што ќе утврдат дека отпуштањата не се во согласност со Законот за работни односи, но онаму каде што отпуштањата се согласно законите не можат да преземаат мерки.

„Сакам да напомнам дека Државниот инспекторат за труд нема магично стапче да ги врати луѓето назад на работа. Државниот инспекторат за труд ја проверува постапката за отказното решение. Ако е согласно законот, ништо не можеме, но ако има повреди на Законот за работни односи тогаш ќе постапуваме. За да постапуваме ние пак ги замолувам вработените да пријавуваат кај нас“, рече директорот Хавзиу.

За неосновано отказно решение во периодот од 11 март до 31 март Државниот инспекторат за труд, според податоците објавени на веб – страницата, имал вкупно 75 пријави. Од нив, 50 пријави се од Скопје, 6 од Битола, 5 од Гостивар, 4 од Тетово, по 3 од Куманово и од Велес и по една пријава за незаконско отпуштање Инспекторатот добил од Прилеп, Штип, Крива Паланка и Гевгелија.

Точната бројка на работници кои останале без работа поради кризата предизвикана од коронавирус се уште не е утврдена.

Премиерот Оливер Спасовски вчера извести дека нема драстичен скок на бројката отпуштени работници овој период и најави дека доплнително ќе се утврдува колку работници останале без работа.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико