Државниот испит ја мина првата фаза во парламентот! | Правдико

Правдико

   

Државниот испит ја мина првата фаза во парламентот!

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Владата се раководеше од идејата да се изградат здрави универзитети и здраво општество, рече министерот  Абдилаќим Адеми, во образложението на измените на Законот за високо образование.

sobranie-na-rm-640x360

Главната измена е воведувањето на државниот испит кој ќе важи за идните студентите, рече министерот. Првпат испит ќе полагаат по втора година со положено половина од испитите, а потоа на крајот од студиите.

-Ќе се полагаат по пет прашања, за да се положи треба 60 отсто да се погодат од позитивните одговори. Оценката од овој државен испит нема да се впишува и нема да влијае на просекот на студирањето, рече Адеми.

Министерот смета дека неопходните услови за носење на законските измени се задоволени.

-Организиравме јавни дебати со професори и легитимни претставници на студентите, нагласи тој.

Павле Трајанов предупреди дека имаше студентски протести и незадоволство кај професори, и дека и двете страни испратија писма до пратениците и Владата. Трајанов се заложи да има пошироки дебати од кои ќе произлезат измени во законот. Адеми реагираше: Веќе кажав дека имавме дебата со легитимните претставници.

Јавна расправа не видовме, зашто немаше, реагираше Беким Фазлиу. Со државен испит нема да се подобри обрзовниот процес, а нема ниту затоа што реформите ги носат тие што ги уриваат образовните институции, рече Фазлиу изразувајќи сомнеж во личното образованието на Адеми, и нагласувајќи дека тој на државен испит би паднал бидејќи „Не знае за Менделеевиот систем“.

Ставот на ДУИ го искажа Артан Груби. Добри реформи се неможни без отпор, рече и потсети дека протести имаше и заради Педагошка академија на албански јазик, но дека реформата не беше сопрена. Кога во прашање е развојот на образованието и науката, толеранцијата треба да биде нула, нагласи тој во својата поддршка.
-Ги поддржуваме овие четири реформи и силно го охрабруваме Адеми да продолжи со реформите, наглси Груби.

За ВМР0-ДПМНЕ нема дилеми –  државниот испит е неопходен. Благица Ласкоска рече дека е проблем што некој сака политички да профитира преку отпорот на рееформите.

Убеденост дека опозицијата преку студентите и овој закон сака да собере поени изрази и Ермира Мехмети. За јавна дебата со вклученост на студентите побара и Лилјана Поповска од ДОМ.  Солза Грчева пак, категорично побара да се прекине, како што рече, скандалозната процедура започната од владата преку собранието

-Оваа процедура е скандалозна и овој документ треба да се запали. Расправата мора да се прекине, нагласи Грчева.

На крајот, мнозинството даде зелено светло за предлог-законот. За пакетот измени на законите за високото, средно и за основното образование ќе се расправа и во втората фаза од законите.

Извор: Телма

Препорачуваме

Партнери на Правдико