Државниот обвинител на САД негираше дека имал тајни средби со Русите | Правдико

Правдико

   

Државниот обвинител на САД негираше дека имал тајни средби со Русите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Американскиот државен обвинител Џеф Сешн се појави пред Комитетот за разузнавање на Сенатот, да сведочи за неговата можна улога во отпуштањето на директорот на ФБИ, Џејмс Коми и истрагата во контактите на Трамп со Русија за време на неговата кампања.

Сешн рече дека било многу важно да ги испита наводите за руското мешање за време на изборите, бидејќи, како што рече, таквото мешање „никогаш не може да се толерира“. Тој исткна дека немал состанок со Русите во хотелот „Мејфлавер“ но присуствувал на приемот на вработените од најмалку дваесетина луѓе вклучувајќи го и претседателот Доналд Трамп и дека имал разговори со некои луѓе, но оти не се сеќава дека разговарал со некои Руси.

Според сознанијата, Сешн пред да биде избран за државен обвинител имал два пати состанок со рускиот амбасадор Кисљак и други странски амбасадори, но, како што самиот истакна, на состаноците немало ништо несоодветно.

Извор:Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико