Државните службеници ќе се обучуваат за родова еднаквост | Правдико

Правдико

   

Државните службеници ќе се обучуваат за родова еднаквост

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Обука за родова еднаквност и подигање на свеста во однос на оваа проблематика ќе се спроведува за државните службеници во институциите на Република Македонија со помош на два е-модули, изработени од Министерството за информатичко општество и администрација, Бирото на Обединетите нации за родова еднаквост и јакнење на жените, а со поддршка на Министерството за труд и социјална политика.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на денешната прес-конференција изјави дека ова е прв системски чекор во насока на воспоставување родова еднаквност, што е обврска од член пет од Законот за еднаква можност на мажите и жените во РМ.

– Сведоци сме дека изминатите десет години имаше уназадување на родовата еднаквост, денеска е првиот чекор, кој заедно со МИОА ќе го почнеме преку обучување на администрацијата да креира родово еднакви политики, рече Царовска.

Вториот чекор, додаде таа е воспоставување систем на родово одговорно буџетирање во Македонија.

– Дури потоа ќе почнеме да зборуваме за вистинки систем кој креира еднакви можности за мажите и за жените, додаде министерката.

Таа нагласи дека со ова мерка се подготвуваат институциите за ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејно насилство, позната како Истанбулска конвенција, со цел да се создадат механизми и серивиси, кои ќе ги штитат жените и девојките од насилство.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски прецизира дека е-модулите се состојат од два дела, основен и напреден курс.

Основниот курс содржи теми директно поврзани со работата и обврските во јавата администрација и тој е наметен за сите службеници. Ги опфаќа основните концепти на родова еднаквост, препознавање на родовата дискриминација, македонското законодавство, меѓународни конвенции и други документи.

Напредниот курс е наменет за оние кои се на повисоки позиции и содржи теми директно поврзани со процесите на креирање, следење и оценка на политиките од страна на администрацијата.

Препорачуваме

Партнери на Правдико