ДС: Уставен суд да се произнесе за иницијативата за советот за одговорност на судии | Правдико

Правдико

   

ДС: Уставен суд да се произнесе за иницијативата за советот за одговорност на судии

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Демократскиот сојуз го повикува Уставниот суд да се произнесе за иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на членот 6 од Законот за Советот за утврдување на факти и покренување постапка за утврдување на одговорност на судија, која од партијата ја доставија во февруари годинава.

radovish

Демократскиот сојуз побара од Уставниот суд да донесе и привремена мерка за да не се имплементира овој закон бидејќи е во колизија со Уставот на Република Македонија.

ДС бара судот да се произнесе во целина и во однос на привремената мерка, затоа што на 10 јули 2015 година треба да се одржат изборите за членови на Советот за утврдување на фактите, со што директно се разорува правниот систем на Република Македонија.

– Имено, со член 6 од овој Закон се предвидува членови на Советот за утврдување на факти да можат да бидат само пензионери, кои треба да засноваат редовен работен однос и да примаат плата од 1.000 евра, а сите други кадри со искуство од правосудната област се дискриминираат. Овие членови треба да извршуваат оперативно-истражувачки активности за утврдување на одговорност на судиите – се вели во соопштението на партијата.

Извор: Мета.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико