ДУИ ќе бара укинување на патните трошоци за пратениците за да не се цел на новинарите | Правдико

Правдико

   

ДУИ ќе бара укинување на патните трошоци за пратениците за да не се цел на новинарите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, на комисиската расправа за труд и социјална политика во Собранието  најави амандман со кој ќе се бара укинување на сите патни трошоци за пратениците. Тој пред членовите на комисијата упати остри критики во однос на исплаќањето на овие трошоци за пратениците.

„На овој начин треба да ги испровоцираме и другите функционери, а со тоа, да не сме ние цел постојано. Еднаш да работимe за народот и да се жртвуваме, за новинарите да не пишуваат за нас“, рече Адеми.

Џеват Адеми му реплицираше на Павле Богоевски велејќи му дека треба да се согласи со него, а, пак, ова решение за него е привремено.

На денешната комисиска расправа се аргументираше за законските измени кои ги предложи пратеничката група на СДСМ, кои бараа намалување на патните трошоци од 30% на 20% од потрошените средства за платено гориво.

К. Л.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико