Два инциденти во скопски обложувалници | Правдико

Правдико

   

Два инциденти во скопски обложувалници

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во вторникот биле регистрирани два инциденти во скопски обложувални, при што првата била ограбена, додека во втората обидот за грабеж не бил реализиран. Во првиот инцидент, околу 18 часот во Скопје, во населбата Топанско Поле во спортска обложувалница непознат маскиран сторител извршил разојништво, откако со закана со пиштол од вработениот одзел 73 илјади денари, по што побегнал во непознат правец.

Во вторниот инцидент, пак, околу 18.20 часот во Скопје, на улица „Московска“ во менувачница непознат маскиран сторител извршил разбојништво во обид. Сторителот со закана со пиштол од вработениот побарал пари,  но истиот успеал да го вклучи безбедносниот аларм,  по што напаѓачот се откажал од намерата и побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на двата случаи, соопштуваат од МВР.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико