Два мобилни телефони и компјутер одземени при претресот на домот на Канческа-Милевска | Правдико

Правдико

   

Два мобилни телефони и компјутер одземени при претресот на домот на Канческа-Милевска

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Два мобилни телефони, приватниот и еден кој ѝ бил даден од Собранието и го користела половина година, одзеле денеска истражителите на СЈО од домот на ексминистерката Елизабета Канческа-Милевска. Одземен ѝ бил и компјутерот на нејзиниот син.

За време на претресот, со наредба за одземање предмети на СЈО потпишана од судија на претходна постапка од кривичниот суд, Канческа била присутна и соработувала со полицијата. Информацијата за претресот ја потврдија нејзините адвоката  Сашо Дукоски и Еленко Миланов. Неофицијално, станува збор за нов предистражна постапка, поврзана со дело од 2016-та година. Од СЈО и од полицијата не откриваат детали за денешниот претрес.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико