Дваесет години затвор за вооружениот грабеж на 4 милиони денари
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Обвинетите го признаа делото, парите се враќаат на Стопанска Банка АД Скопје
ВЕЛЕС – Дваесет години затвор добија двајца разбојници, кои пред десет месеци во вооружен грабеж, ограбија 4 милиони денари. Двајцата обвинети скопјаните Кемал Ахмети (26) и Агим Коруни (20) пред судскиот совет од Основен суд Велес, признаа дека го извршиле делото за кое се товареа, по што судот ги прогласи за виновни. Ахмети за разбојништво и за недозволено држење на огнено оружје доби единствена затворска казан од 13 години, а Коруни за разбојништво е осуден на 7,7 години затвор. И двајцата изразија жалење за стореното дело и рекоа дека се каат.
Ахмети како повеќекратен сторител на кривични дела, доби повисоко ниво при изрекувањето на казната, согласно Правилникот. Тој претходно тврдеше дека при разбојништвото не користел пиштол, туку само плашливец, но откако сметаше дека со непризнавање на двете дела, ќе добие висока казна се одлучи да ги признае и двете. Судот пресуди парите од грабежот, кои потоа беа пронајдени, да се вратат на Стопанска банка АД Скопје.
Вооружениот грабеж на автомобил на фирмата за обезбедување ,,Перпетуммобиле“ од Скопје, кој пренесувал пари на Стопанска Банка – АД Скопје, се случи на 8 февруари годинава близу Пензионерскиот дом во Велес. Двајцата обвинети го сочекале на пешачки премин и со закана по живот, со пиштол го сопреле возилото и од него однеле 4 милиони денари. Според обвинението организатор на разбојништвото е Дритон Сулејмани од велешкото село Бузалково, кој е во бегство и по него се трага.
Тој ги подучил обвинетите како да се дојде до парите, бил пред Стопанска банка кога автомобилот тргнал, им се јавил на мобилен на извршителите им кажал каде да чекаат, како да го сторат делото и каде да бегаат. Ахмети и Коруни сториле како што било договорено, побегнале кон Градскиот парк и од таму со комбе заминале. Но, се случил пех, моторот на возилото сопрел, па тие се сокриле во напуштена куќа во Градскиот парк во Велес, каде ги пронашла полицијата, заедно со парите кои останале во автомобилот. И двајцата остануваат во притвор.
Извор: Утрински весник