Дваесет и двајца мигранти пронајдени покрај пругата во Велес
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Дваесет и двајца мигранти вчеравечер биле пронајдени покрај пругата во Велес.
Според информациите на МВР, во 20.40 часот во Велес, покрај железничката пруга Гевгелија – Скопје, полициски службеници пронашле 22 мигранти, меѓу кои и двајца малолетници. Десетмина од мигрантите се од Бангладеш, седум од Пакистан и пет од Авганистан.
Тие им биле предадени на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ и ќе бидат транспортирани во транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.
Извор: Макфакс