Правдико

   

Двајца битолчани осомничени за говор на омраза на Мечкин Камен

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Двајца битолчани се осомничени за употреба на говор на омраза на празнувањето на 2 Август на Мечкин Камен во Крушево, а се прибираат докази и за уште неколку засега непознати лица, соопшти Основното јавно обвинителство.

„Со кривичната пријава на двајцата осомничени, жители на Битола, заедно со засега сè уште непознати лица, им се става на товар дека за време на прославата употребувале говор на омраза кој бил забележан на видеозапис и емитуван на една од националните телевизии“, се вели во соопштението на ОЈО.

Основното јавно обвинителство Прилеп презема дејствија за утврдување на факти и прибирање докази во врска со обвинението.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико