Двајца битолчани тешко повредени кога во нив удрил автомобил
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Двајца пешаци на возраст од 65 и 63 години се тешко повредени кога во нив удрил автомобил на битолската улица Македонски гемиџии.
Како што информираат од МВР, несреќата се случила воутринските часови на 22 јануари, а автомобилот „рено меган“ го управувал 27-годишник од Битола.
Повредените пешаци итно биле пренесени во Клиничката болница во Битола за укажување лекарска помош.
На местото на незгодата бил извршен увид од екипа на битолската полиција.
Извор: Макфакс