Двајца мажи уапсени поради планирање напади во Марсеј | Правдико

Правдико

   

Двајца мажи уапсени поради планирање напади во Марсеј

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Двајца радикални исламисти се уапсени во Марсеј поради сомнение дека планирале “насилен напад“ во градот, соопшти францускиот министер за внатрешни работи Матијас Фекл, додавајќи дека засилени се безбедносните мерки низ земјата во пресрет на претседателските избори.

“Двајцата мажи, едниот на возраст од 30 а другиот 24 од години, со француска националност, планирале во наредните денови да извршат напади врз францускaта почва“ рече Фекл.

Дајцата осомничени се уапсени во зграда каде живееле во стан под наем, во јужниот дел на градот. Во станот е пронајдено и оружје. Поради претресот на станот и поради опасност од присуство на други соучесници,    евакуирани се станарите од зградата, истакна Фекл.

Во Франција е подигнато нивото на опасност од терористички напади уште од нападите во 2015 – та  и 2016-та година кога најмалку 200 луѓе загинаа во Париз и Ница.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико