Двајца напаѓачи ограбиле охриѓанец на улица
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Двајца напаѓачи ограбиле охриѓанец на улица. Тие му украле мобилен телефон и картички, од кои подоцна извадиле пари.
Според информациите на СВР Охрид, вчера, во 21.40 часот, било пријавенo дека на крстосницата помеѓу улиците Серафим Китаноски и Војдан Чернодрински во Охрид две лица физички го нападнале Ф. К. (31) од Охрид и со закана му украле мобилен телефон и две банкарски картички, од кои подоцна подигнале 20.000 денари.
СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот.
Извор: Макфакс