Двајца обвинети за тешки кражби во Скопје | Правдико

Правдико

   

Двајца обвинети за тешки кражби во Скопје

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица кои се товарат дека сториле кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 35-годишен скопјанец и обвинетата 25-годишна скопјанка, по претходен договор заеднички влегле во куќа на улица „Венијамин Мачуковски“ и додека станарите спиеле, од масата во дневната соба одзеле две женски чанти во кои имало пари, банкарски картички и други документи. Една од оштетените го затекнала обвинетиот со украдените чанти во раката и вознемирана го прашала што прави, по што тој заедно со неговата соизвршителка се дале во бегство. Веднаш по настанот обвинетата употребила една од украдените картички и извршила вкупно седум трансакции во два маркета.

Само неколку дена подоцна, првообвинетиот, со совладување препреки, извршил уште една тешка кражба во стан во зграда на истата улица.  Имено, тој успеал по фасадата на зградата и држачите од олукот да се искачи на висина од 2.5 метри, се прекачил на балконот од станот и преку незаклучената балконска врата влегол внатре. Од дневната соба одзел женска чанта со лични документи и банкарски картички, па веднаш го напуштил местото. Една од украдените картички веднаш ја употребил во маркет, реализирајќи две трансакции.

Поради опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за првообвинетиот.​

Препорачуваме

Партнери на Правдико