Двајца скопјани фатени со дрога во вредност од 80.000 евра
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Од МВР велат дека се поднесени кривични пријави против Ј.С. (48) и А.С. (43), двајцата од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Како што велат од полицијата, тие на 28 овој месец околу 3 часот на граничниот премин Долно Блаце се пријавиле за влез во Република Македонија со патничко возило шкода октавија. При прегледот на возилото, кое било изнајмено, откриени се 22 пакувања со опојна дрога марихуана во вкупна тежина од 15 килограми и 725 грама, скриени во внатрешноста на возилото.
Пријавените дрогата ја презеле во соседно Косово, по претходен договор со лице од Косово, за транспортирање на марихуаната до Скопје, а за паричен надомест од 500 евра за килограм, односно за 7.500 евра. Инаку, вредноста на запленетата дрога на овдешниот наркопазар би достигнала вредност од речиси 80.000 евра, наведуваат од полицијата.
Извор: Макфакс