Двајца скопјани пуштиле во промет фалсификувани денари во струшко Мислешево | Правдико

Правдико

   

Двајца скопјани пуштиле во промет фалсификувани денари во струшко Мислешево

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Двајца скопјани, И.К. (47) и И.В. (45), пуштиле во промет фалсификувани денарски банкноти во струшкото село Мислешево. Поради сомнеж дека фалсификувале пари, полициската станица од Струга им поднесе кривични пријави.

mvr

Откако претходно прибавил лажни пари со намера да ги пушти во оптек како вистински, И.К. на 28 март оваа година во продавница во струшкото село Мислешево, употребил лажна банкнота од 500 денари. Тој на каса побарал да купи цигари, за кои платил со лажна банкнота од 500 денари и со монети од 10 денари. По добивањето кусур од 450 денари, ја напуштил продавницата. Откако одговорните во продавницата се посомневале во квалитет на банкнотата, настанот го пријавиле во полициската станица во Струга.

На 4 април, при контрола на патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, во кое се наоѓале двајцата пријавени, пронајдени се 51 фалсификувана банкнота од 500 денари.

Лажните пари биле пронајдени во чантата на првопријавениот И.К., по што се забележани и нотес со евиденција каде ги пуштал лажните пари во оптек и уште три банкноти од 500 фалсификувани денари. Со преглед на фалсификуваните банкноти и со вештачење од Народна банка на Република Македонија, докажано е дека банкнотите се фалсификувани и дека ги имаат истите карактеристики со фалсификуваната банкнота со серискиот број ВЕ1429767.

По писмена наредба од Основен суд Кичево, извршен е претрес на лицата и на возилото, при што се пронајдени и се одземени фалсификуваните банкноти, како и другите предмети.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико