Двајца скопјани во притвор, ја ограбиле бабата кај која изнајмиле соба во Охрид
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Две момчиња од Скопје завршија во притвор откако ја ограбиле бабата кај која изнајмиле соба во Охрид. Според полицијата, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ разбојништво“, СВР Охрид до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против О.Х.(18) и Ѓ.Д.(19) од Скопје.
Судија од претходна постапка од Основниот суд Охрид им одреди мерка притвор од 30 дена, а потоа се спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Охрид.
Тие на 6 октомври годинава, во домот на Н.Д.(76) на улицата Абас Емин во Охрид престојувале во изнајмена соба. Во текот на ноќта затропале на вратата на бабата и откако им отворила, веднаш ја нападнале и ѝ ги одзеле златниот синџир и обетките, а од чантата одзеле 6 000 денари.
Извор: Макфакс