Двајца странци протерани поради нелегален влез во Македонија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Две лица, државјани на Германија и на Бразил, кои оствариле нелегален влез во Република Македонија вчера околу 8 часот биле откриени во близина на граничен камен 59 на македонско-грчката граница.
Тие, како што информира МВР, заедно со група мигранти се упатиле кон прифатниот центар во Гевгелија при што сториле прекршок по член 9 од Законот за гранична контрола.
– На лицата им е издадено Решение за протерување на странец од Република Македонија со забрана за повторно влегување за период од пет години, соопшти МВР, нагласувајќи дека биле задолжени веднаш да ја напуштат територијата на Македонија.
Извор: Утрински Весник