Правдико

   

Две бугарски “гатачки“ за два месеци “спечалиле“ над еден милион денари

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

mvr-618x3601СВР Скопје до Основно јавно обвинителство – Скопје со кривична пријава ги предаде лицата Е.А.Ж. (37) и И.А.Ж. (20) и двете од Р. Бугарија, поради постоење основано сомневање дека сториле осум кривични дела и тоа четири кривични дела – “кражба“ казниво по член 235 од КЗ на РМ, три кривични дела – “измама“ казниво по чл.247 од КЗ на РМ и едно кривично дело – “тешка кражба на особено дрзок начин“ казниво по чл.236/3 од КЗ на РМ. Од страна на Судија на претходна постапка на двете им е одредена мерка притвор.

Со намера да се стекнат со противправна имотна корист двете пријавени во периодот од јуни до 20.08. годинава на подрачјата на Бит пазар и Кисела Вода, Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров извршиле осум кривични дела, при што се стекнале со протиправна имотна корист во висина од 1.086.000 денари.

Две од кривичните дела “кражба“ ги извршиле, едното на 27.07 на бул.„Крсте Мисирков“ во продавница за чевли,а второто на 17. овој месец на ул.„Битпазарска“ исто така во продавница за чевли. И двете на идентичен начин искористувајќи го невниманието на оштетните додека разгледувале во продавниците, така што првопријавената со нејзиното тело и движење ја “покривала“второпријавената која во едниот случај со протнување на рака во ташната на оштетната која била оставена на подот успеала да и го земе паричникот, а во другиот случај ја земала ташната на оштетната исто така оставена на подот од продавницата, при што незабележани од никого го напуштиле лице местото. Останатие две кривични дела “кражба“ ги извршиле на 03.07. и на 13.07. годинава на подрачјето на општините Аеродром и Карпош. Имено, на 03.07 откако ја сретнале оштената пред зградата во која таа живеела и рекле дека и имаат направено магии и дека треба да и се гледа за да се тргнат магиите. Додека и гатале, второпријавената зела 750 евра, 5000 денари и златни предмети сопственост на оштетената, ги врзала во крпа и ги вратила во креденецот, односно само крпата без парите и предметите во неа. Потоа, на оштетената и кажале да не ги отвора до понеделник и си заминале. Со тоа се стекнале со противправна имотна корист во висина од 110.000 денари. На 13.07. пак десет дена подоцна на идентичен начин ја пречекале друга оштетената пред маркет и се понудиле да и ги пренесат работите до станот каде што живеела. Откако влегле во станот првопријавената и се понудила да и гледа, за што и побарала пари. Оштетената извадила пари и додека првопријавената разговарала, второпријавената ја искористила ситуацијата и и го украла паричникот во кој имало 10.000 евра и 10.000 денари по што истите го напуштиле станот, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 630.000 денари.

Кривичното дело – “тешка кражба на особено дрзок начин“ го извршиле на 10-ти овој месец, на тој начин што откако успеале да ја убедат оштетената за да влезат во станот под изговор да се договорат за чистење на станот, и при тоа откако И.А.Ж. успеала да стекне доверба кај оштетената истата извршила кражба на особено дрзок начин на еден женски златен прстен со циркони и без да биде забележана од оштетената си заминала од станот.

Првото кривично дело “измама“ го извршиле на крајот на јуни, односно на 26-ти на подрачје на општина Ѓорче Петров при што второпријавената отишла во куќата на оштетената и се понудила да и гата, при што и побарала да ги даде обетките и прстенот,а потоа ги зела со себе со изговор дека ќе ги носи во црква за да се фати баењето, а потоа ќе и ги вратела во 16.30 часот. Но истата не се вратила стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 12.000 денари, по што оштетената сфатила дека е измамена.

Втората “измама“ ја извршиле на 11 овој месец на подрачјето на општина Аеродром кога пријавените повторно отишле во станот на оштетената. Измамата, ја сториле на тој начин, што откако ја убедиле дека и е направена магија во куќата, побарале од оштетената да го извади целото злато што го има дома за да и гаатат. Малку потоа, пријавените си заминале, а златото и го понеле со себе, по што оштетената сфатила дека била измамена.

И, третото кривичното дело “измама“, го извршиле на 20-ти овој месец на тој начин што со прикажување на лажни факти на оштетениот дека е направена некаква магија во куќата на неговиот син кој бил во странство, од оштетените ги побарале сите пари и злато што ги имале дома за да ја растурат магијата. Откако оштетениоте им ги дале сите пари и злато што го имаат, Е.А.Ж. ги завиткала во крпа и маица, ги однела во тоалетот и им рекла околу пет дена да не се отвара крпата, по што излегла од тоалетот и си заминале. Оштетениот по некое време извршил проверка во тоалетот и забележал дека ги нема парите и златото.

Од страна на ЕПОИ – Алфа при СВР Скопје, пријавените се лоцирани и приведени во ПС, а со. наредби од ОЈО – Скопје обезбеденисе видео записи од продавниците на кои се гледало како пријавените ги вршат кривичните дела. Исто така со наредба од Основен Суд Скопје I Скопје извршен е и претрес на дом и други простории во стан каде привремено биле сместени пријавените и каде се пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од извршени кривични дела.

Партнери на Правдико