Две години условна казна затвор за Ивона Талевска
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Судот ја осуди новинарката Ивона Талевска со условна казна затвор од две години, доколку во следните 4 години не го повтори делото даночно затајување. Талевска ќе треба да ја врати целата сума од приближно 2,5 милиони денари, за која беше обвинета во случајот „Тифани“, а дополнително да исплати и 76 илјади денари, како трошоци за вештачењето на СЈО. Во сумата што треба да ја врати предвидени се и 1000 евра како споредна штета, кои Талевска ќе треба да ги исплати во рок од 30 дена. Новинарката Ивона Талевска има право на жалба.
„Се определува парична казна во износ од 1000 евра во денарска противредност и се задолжува да ја надомести штетата од 1.671.611 денари за затаениот персонален данок како и 1.145.979 денари за правното лице „С. – Ц дооел С.“ кое престанало да постои во 2013 година. Воедно на правното лице „С. – Г. Дооел С.“, опфатено во обвинението, му се изрекува парична казна од 200.000 денари, а согласно член 100 од КЗ се конфискува имотната корист од кривичното дело на правното лице „С. – Г. дооел С.“ во исноз од 1.038.698 денари“,соопшти судот.
Претохдно Талевска се изјасни за виновна. Според обвинението, Ивона Талевска како сопственик и управител на „Смарт центар“ ДООЕЛ експорт-импорт – Скопје и агенцијата „Смарт“ во периодот од 2008 до 2014 со намера таа и правните лица да избегнат плаќање даноци давала лажни податоци за фактите што се однесуваат за пресметување данок. Таа за наводните потреби на фирмите купила долна облека од 500 евра, облека во износ од 33.508 евра, очила, шминки за 1009 евра, луксузен мебел, сигурносни врати, велосипеди и слично. Фирмите на Талевска не платиле даночни обврски во износ од 37.634 евра, а обвинетата не платила данок во износ од 16.924 евра.
В. Маглешов
Извор: Макфакс