Две иницијативи до Уставниот суд за продолжување на мандатот на локалната власт
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Две иницијативи се доставени до Уставниот суд,со кои се бара од Судот да се произнесе околу мандатот на градоначалниците и советниците ,во случај да не бидат навреме оддржани локалните избори.Првата е на Светскиот македонски конгрес на Тодор Петров од 5 април,а втората од работна група составена од претставници на министерството за локална самоуправа и за правда,ЗЕЛС и Секретаријатот за законодавство,која стасала по Велигденските празници.
Портпаролката на Уставниот суд,Оливера Филиповска ја потврди оваа информација за Макфакс,но не можеше да каже дали поднесоците ќе добијат итен карактер,заради законските рокови.Но,таа не ја исклучува можноста,иницијативите да бидат споени,доколку се однесуваат на исти оспорени членови.
Светскиот македонски конгрес ги оспорува членот 35 став 1 од Законот за локална самоуправа,како и членот 16 ,став 1 од Изборниот законик.Поновата иницијатива,пак,се однесува на две одредби од Законот за локална самоуправа,кои се однесуваат на времетраењето на мандатот.
Со продолжувањето на мандатот,сметаат поднесувачите, би се избегнала блокада на локалната власт,до која дојде заради пробивањето на рокот за распишување на избори од страна на Собранието за мај годинава.
Извор: Макфакс