Две лица истепале дете во автобус на ЈСП затоа што случајно се удрило во нив | Правдико

Правдико

   

Две лица истепале дете во автобус на ЈСП затоа што случајно се удрило во нив

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Две лица истепале 13-годишно дете затоа што случајно се удрило во нив кога автобусот закочил. Инцидентот се случил во автобус со број 65, кој сообраќа од Железничка станица до село Стајковци.

Според информациите од МВР, Д.И.(44) од Скопје вчера околу 22 часот пријавил во полиција дека истиот ден околу 19 часот во автобус на ЈСП број 65 на булевар Никола Карев две непознати лица физички го нападнале неговиот 13-годишен син.

До физичкиот напад дошло кога автобусот закочил и детето се удрило во двете лица кои веднаш почнале вербално да се расправаат со него, а потоа и физички го нападнале. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико