Две лица измамени при обид да купат огревно дрво | Правдико

Правдико

   

Две лица измамени при обид да купат огревно дрво

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Две лица од Скопско пријавиле измама при обид да дојдат до огревно дрво.

Во првиот случај, В.П.(67) од село Трубарево пријавил дека непознато лице со измама му одзело 200 евра. Кога пријавителот му кажал на сторителот дека сака да купи дрва од него, но првин да ги види, тие се упатиле кон камионот каде што се наоѓале дрвата. Во меѓувреме сторителот се вратил во домот на пријавителот и од сопругата на В.П. одзел 200 евра со изговор дека така кажал нејзиниот сопруг по што заминал во непознат правец.

Вториот случај го пријавила Ј.М. (55) од село Брњарци, на која ѝ биле одземени 5.000 денари. Измамата е извршена од страна на непознато лице на тој начин што пријавителката му дала пари за да ѝ донесе огревно дрво и кога ѝ рекол дека веднаш ќе ѝ ги донесе дрвата, заминал во непознат прваец.

Полицијата соопшти дека презема мерки за расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико