Две лица нападнале маж што дошол во полиција да ги пријави за насилство
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против лицата И. Д. (51) и Н. Д. (49), двајцата од с. Чегране, Гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.
Според информациите од МВР, на 24.11.2019, на улицата 18 Ноември во Гостивар, оштетениот Р. Д. (47) од с. Чегране, Гостиварско, со сопругата и синот пристигнале пред Полициската станица Гостивар за да пријават физички напад извршен врз неговиот син, каде што се сретнале со пријавените лица, кои физички го нападнале Р. Д. Првопријавениот при нападот употребил тврд предмет. Од полициски службеници пријавените биле лишени од слобода.
Извор: Макфакс