Две лица обвинети за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги | Правдико

Правдико

   

Две лица обвинети за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица кои се товарат дека извршиле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик.

Првообвинетата, на 18.02.2019 година во станот во кој престојувала заедно со второобвинетиот, неовластено заради продажба држела наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 883,76 грама марихуана, хашиш масло во шприц со волумен од 2 мл, амфетамин со вкупна нето маса од 28,47 грама, осум таблети 3,4 метилен-диоксиметамфетамин (MDMA), како и повеќе други предмети со остатоци од наркотични дроги.

Второобвинетиот се гони за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од помало количество, затоа што на критичниот ден на сведок во постапката му продал психотропна супстанција – амфетамин со нето маса од  0,37 грама за цена од 500 денари.

Заедно со обвинителниот акт, надлежниот јавен обвинител до судот достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор за првообвинетата, додека за второобвинетиот предложи мерката куќен притвор да му биде укината и да му бидат определени мерки на претпазливост.

Препорачуваме

Партнери на Правдико