Две лица се убиени во израелската амбасада во Јордан | Правдико

Правдико

   

Две лица се убиени во израелската амбасада во Јордан

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Двајца Јорданци загинаа, додека еден Израелец е ранет во инцидент со огнено оружје, во израелската амбасада во Аман. Локалните медиуми, повикувајќи се на безбедносни извори, објавија дека причините за пукањето во амбасада сеуште не се јасни.

Двајцата Јорданци работеле за компанија која произведува мебел, во амбасадата влегле пред да се слушнат пукотниците, објави полицијата.

Јорданските безбедносни сили веднаш ја затвориле амбасадата, а израелските власти го евакуирале персоналот.

Во Јордан владее голема нетрпеливост кон Израел, особено откако јорданските власти го повикаа Израел да ги отстрани метал детекторите на влезовите на Платото на џамиите во Ерусалим. Поставувањето на детекторите за метал беа причина за најкрвавите палестинско-израелски судири во последните неколку години.

Неколку илјади Јорданци во петокот демонстрираа против Израел, во главниот град Аман и во неколку други градови, како и во бегалските кампови.

Јордан, во неделата, побара итен состанок на арапските министри за надворешни работи, а тема на разговорите треба да биде новонастаната ситуација.

Извор:Макфакс

Партнери на Правдико