Две службени возила учествуваа во две сообраќајки кај Струмица | Правдико

Правдико

   

Две службени возила учествуваа во две сообраќајки кај Струмица

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

10082016140924_web_policija_lentaВчера вечерта, тешка сообраќајна несреќа се случи на влезот кај с. Турново, Струмичко, во која едно лице е со тешки телесни повреди. Лицето од страна на струмичката Итна помош е префрлено во струмичката болница каде му е укажана медицинска помош и е задржано на хирургија. Се работи за повозрасен маж (78), кој бил на совозачкото место, во службено возило на Агенцијата за храна, со скопски регистерски таблички, кое се судрило со трактор, кој се движел по патот.

Од силината на ударот, тракторот се превртел во нивата покрај патот, но, возачот на тракторот, за среќа поминал со полесни телесни повреди. Засега не се познати причините за сообраќајката, но, според неофицијални информации, тракторот се движел неосветлен по патот.

Според првичните информации, возилото на Агенцијата за храна, го управувало женско лице, кое исто така, поминало без повреди.

Полицијата сеуште врши увид на лице место.

Во друга сообраќајна незгода пак, која се случила порано, околу 17,30 часот, кај с.Градашорци, во близина на Струмица, учествувале две патнички возила, од кои, според информациите од терен, едното е службено возило на Министерството за земјоделие. Во сообраќајната незгода нема повредени лица, за среќа, иако во двете возила имало возач и совозач. Според првичните информации, возачите и на двете возила, се задржани во болница заради проверка на алко тест.

Струмичката полиција ги истражува причините и за оваа сообраќајка.

Извор:Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико