Правдико

   

Две телевизии го прекршиле изборниот молк

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при проверка на начинот на известување на радијата и телевизиите за време на изборниот молк констатираше дека Телма телевизија и телевизија Алсат-М го прекршиле истиот објавувајќи аудиовизуелни материјали за носител на функција во органите на власта кој воедно активно учествуваше во кампањата на еден учесник во изборниот процес.

„Согласно Изборниот законик, за време на изборниот молк медиумите не смеат да објавуваат какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.Во рамки на законските рокови, Агенцијата ќе поднесе барања до надлежниот суд за покренување прекршочни постапки против двете телевизии.

Имајќи го предвид специфичниот период во кој се наоѓа изборниот процес, ги повикуваме сите радиодифузери да известуваат одговорно и професионално и да ги почитуваат правилата кои важат за изборниот молк“, се наведува во соопштението.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико