Двегодишното дете од Охрид починало од сепса, се утврдува кривична одговорност | Правдико

Правдико

   

Двегодишното дете од Охрид починало од сепса, се утврдува кривична одговорност

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Охрид утврдува кривична одговорност за смртта на двегодишното дете од Охрид. Како што соопшти денеска обвинителството, го добило секциониот протокол од извршената судско медицинска експертиза на двегодишното дете кое почина во август годинава на детското одделение во Медицинскиот Центар Охрид.

„Патолошко хистолошката дијагноза и резултатите од токсилошките анализи укажуваат дека смртта кај детето настанала поради воспаление на двете белодробни крила, по што инфекцијата навлегувајќи во крвта предизвикала сепса“, се наведува во соопштението.

Детето првпат беше примено на 25 август и по препишана терапија беше пуштено дома. Поради влошување на состојбата тоа во два наврати било донесено во охридската болница, последниот пат без знаци на живот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико