Дводневна обука нa тeмa: „Еврoпскaта Конвенција за заштита на човекови права – членовите 5,6 и 7“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев” и Регионалниот проект за соработка во правосудството, Програма ОПДАТ, Министерство за правда на САД спонзориран од Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (INL) при Американската амбасада во Скопје, организираат дводневнa обукa за Европската Конвенција за заштита на човекови права – членовите 5, 6 и 7, коjа ќе се одржи на 14 и 15 март 2016 година во хотел „Арка“, Скопје, со почеток во 09:00 часот.
Обуката е наменета за јавни обвинители и судии од Скопје, адвокати кои ја поминаа обуката за Европската Конвенција за заштита на човековите права за членовите 2, 3 и 4, одржана во период од 10-11 март 2016 година.
На обуката излагања поврзани со темата ќе имаат: г-а Љиљана Ивановска Шопова, претседател на Апелационен суд Скопје; г-а Гордана Ѓешкоска, јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Скопје, г-а Ружица Николовска, адвокат и г. Бет Сринан, Регионален правен советник, Програма ОПДАТ, Министерство за правда на САД, Амбасада на САД во Загреб.
Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:
- Вовед во член 5
- Законско лишување од слобода (основи)
- Итност на постапката и права на лицето лишено од слобода
- Образложение на одлуката за притвор
- Изведување на суд без одложување
- Право на судење во разумен рок
- Пуштање на слобода условено со давање гаранција
- Хипотетички случај – работа во групи
- Вовед во член 6
- Еднаквост на оружјата
- Разумен рок
- Право на образложена одлука и веродостоен доказ
- Презумпција на невиност
- Соодветно време за подотовка на одбраната и право на одбрана
- Информирање на разбирлив јазик
- Хипотетички случај – работа во групи
- Процедури на Европскиот суд за човекови права
- Член 7: Нема казна без закон
Програмата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете Tука.