Правдико

   

ДЗИС на Република Македонија стана членка на Global Brand Database и Global Design Database

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Од 21 Декември, 2018 година, Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС) на Република Македонија ги направи јавно достапни своите податоци за трговски марки и индустриски дизајн во алатките за пребарување на Global Brand Database и Global Design Database.

Интегрирањето на ДЗИС е конкретен резултат од меѓународната програма за соработка помеѓу Државниот завод за индустриска соптсвеност на Република Македонија и Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO).

Ова последно проширување го зголемува бројот на заводите членки во Global Brand Database на 45 и додавање на 33.580 дополнителни трговски марки од Република Македонија, Global Brand Database сега обезбедува пристап и информации на повеќе од 37.2 милиони трговски марки вкупно.

Со последното проширување на Репблика Македонија во Global Design Database се зголемува бројот на заводите членки на 13 и додавање на 973 дополнителни индустриски дизајни од Република Македонија. Global Design Database сега обезбедува пристап и информации на повеќе од 5.3 милиони индустриски дизајни вкупно.

За да ги пребарувате трговските марки и инудстриските дизајни на ДЗИС, базите за пребуравње се достапни на селдните адреси:  Global Brand Database и Global Design Database.

Партнери на Правдико