ДЗЛП: Државната изборна комисија да не ги објавува сите лични податоци во избирачкиот список | Правдико

Правдико

   

ДЗЛП: Државната изборна комисија да не ги објавува сите лични податоци во избирачкиот список

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Дирекцијата за заштита на личните податоци денеска излезе со соопштение до Државна изборна комисија, кое се однесува на избирачкиот список поставен на веб порталот на ДИК. Во продолжение е прикажано соопштението во целост:

download

Дирекцијата за заштита на личните податоци по службена должност изврши вонреден инспекциски надзор во Државната Изборна Комисија по однос на објавувањето на личните податоци од Избирачкиот список на нејзината веб страна.

Заради итноста на наведените состојби беа издадени две привремени решенија.

Со едното од решенијата се забранува Државната Изборна Комисија да обезбедува електронски пристап до личните податоците во Избирачкиот список објавен на веб страната https://izbirackspisok.gov.mk, на начин кој не е во согласност со прописите за заштита на личните податоци.

Државната Изборна Комисија е задолжена да преземе мерки при пребарување во Избирачкиот список објавен на веб страната:

  • преку одредена општина да не се прикажуваат личните податоци на сите избирачи во таа општина;
  • преку одредена адреса да не се прикажуваат личните податоци на сите избирачи на таа адреса;
  • преку одредено име и презиме да не се прикажуваат личните податоци на сите лица кои го имаат тоа име и презиме.

Во привременото решение е утврдено дека објавувањето и електронскиот пристап до личните податоци во Избирачкиот список преку веб страната на Државната изборна комисија од страна на неодреден број лица не е правично и во согласност со закон и е извршено на начин што не е во согласност со конкретна и јасна законски утврдена цел, спротивно на член 31 став 2 точка 28-в и 28-г од Изборниот законик и член 5 став 1 и став 4 од Законот за заштита на личните податоци.

Препорачуваме

Партнери на Правдико