ДЗЛП: Објавувањето на адресите во избирачкиот список е во согласност со законот | Правдико

Правдико

   

ДЗЛП: Објавувањето на адресите во избирачкиот список е во согласност со законот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Објавувањето на адресите на гласачите во електронскиот увид на избирачкиот список е во согласност со Законот за заштита на личните податоци, велат за „Мета“ од Дирекцијата за заштита на личните податоци.

izbiracki-spisok

Во дописот од дирекцијата стои и дека ДЗЛП веќе ѝ укажала на Државната изборна комисија да не го користи матичниот број на избирачите во избирачкиот список и да им овозможи на граѓаните во секое време, бесплатно и едноставно да поднесат барање до Државната изборна комисија да не им биде објавена нивната адреса во избирачкиот список.

„На Државната изборна комисија ѝ беше укажано да не се користи матичниот број на избирачот при пребарување затоа што нема законска основа за негова обработка при електронскиот пристап до избирачкиот список во согласност со Изборниот законик, а во кореалација со Законот за заштита на личните податоци. Воедно им беше укажано и дека ќе биде потребно, во корелација со член 11 од Законот за заштита на личните податоци, да ги информираат граѓаните и да им обезбедат право да можат во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства да поднесат барање до Државната изборна комисија да не им биде објавена нивната адреса во избирачкиот список од безбедносни причини“, велат од ДЗЛП.

Соопштението на ДЗЛП доаѓа по реакциите дека при пребарувањето на избирачкиот список преку веб-апликацијата на ДИК, достапни и јавни се и адресите на граѓаните.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико