ДЗЛП стана дел од иницијативата EuroCloud | Правдико

Правдико

   

ДЗЛП стана дел од иницијативата EuroCloud

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

logo_Eurocloud_CЕдна од надлежностите на Дирекцијата за заштита на личните податоци е да ја претставува Република Македонија и да учествува во работата на меѓународните организации и институции за заштита на личните податоци.

Дирекцијата за заштита на личните податоци стана дел од иницијативата EuroCloud како партнер кој што ќе биде вклучен во сите активности, особено оние кои се однесуваат на заштита на личните податоци при користењето на ,,Облак“услугите.

EuroCloud е независна непрофитна организација која што претставува пан европски центар за споделување на знаење помеѓу клиентите кои што нудат или користат Cloud computing услуги, Провајдерите и истражувачки центри. EuroCloud одржува отворен дијалог со сите партнери, а со цел да ги поврзе бизнисот и информатичките технологии.

Дирекцијата стана дел од оваа иницијатива имајќи ги во предвид идните активности и планови, а се со цел да се обезбеди соодветна заштита при обработката на личните податоци кои се обработуваат преку ,,Облак“ услугите.

Повеќе информации за EuroCloud можете да најдете на www.eurocloud.org

Препорачуваме

Партнери на Правдико