ДЗС: Стапката на сиромаштија во 2015 изнесувала 21,5 отсто | Правдико

Правдико

   

ДЗС: Стапката на сиромаштија во 2015 изнесувала 21,5 отсто

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Стапката на сиромашни лица во Република Македонија во 2015 година изнесувала 21,5%, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

23122016135838_web_drzaven_zavod_za_statistika

Како што се наведува, тоа го покажуваат конечните пресметки за Лаекен индикаторите за сиромаштија за 2015 година добиени годинава од Анкетата за приходи и услови за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската унија. Основа на пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60% од медијалниот еквивалентен приход.

– Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2015 година е 22,9%. Според најфреквентниот статус на економска активност, стапката на сиромашни вработени лица е 8,9%, додека стапката на сиромашни пензионери е 7,3%.

Gini коефициентот (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 33,7%, што претставува намалување во однос на 2014 година кога овој коефициент изнесувал 35,2 отсто, и во однос на 2013-та кога бил 37 проценти.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико