Правдико

   

ЕБОР ќе ги финансира домаќинствата преку програмата за енергетска ефикасност

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Секое едно евро инвестирано во енергетска ефикасност заштедува 2,2 евра во производството на електричната енергија, информираше денеска вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев на промоцијата на „Програмата за финансирање на зелената економија (GEFF) во Македонија“, која ќе се имплементира преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Анѓушев потенцираше дека станува збор за корисна програма и дека Владата ќе покаже висок степен на одговорност во имплементација на проектот.

– Ние како земја целиме да ја намалиме потрошувачката на енергија за 14,3 проценти во наредниот период. Ќе се надгради ветерната електрана и ќе се изгради нова ветерна електрана во паркот во Богданци со што ќе се добијат дополнителни 27 мегавати енергија. На површина од 20 хектари над затворениот рудник Осломеј имаме идеја да се постават фотоволтаици кои ќе произведуваат 10 мегавати струја, а преку моделот на премиум-тарифи, на земјиште од петта и шеста категорија ќе го зголемиме производството на електрична енергија од фотоволтаични централи за дополнителни 200 мегавати – потенцираше Анѓушев.

Охридска банка Сосиете Женерал и Шпаркасе банка Македонија потпишаа договор со ЕБОР, со што станаа првите локални банки кои ќе пласираат кредитни линии во вкупен износ од четири милиони евра наменета за натамошно кредитирање на домаќинствата. Дополнителни четири милиони евра е планирано да се пласираат преку други локални банки.

Физичките лица ќе можат да подигнат кредити од овие партнерски финансиски институции, за да се снабдат со технолошки решенија за користење на зелената енергија, како што се прозорци со двојни стакла, енергетски ефикасни бојлери или термална изолација за домовите.

Извор: Мета

Партнери на Правдико