Еден ден пред истекот на рокот за обвиненија: СЈО утре ќе одржи прес-конференција | Правдико

Правдико

   

Еден ден пред истекот на рокот за обвиненија: СЈО утре ќе одржи прес-конференција

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Специјалното јавно обвинителство утре, со почеток во 12 часот ќе одржи прес-конференција. Од таму не соопштуваат повеќе детали за настанот.

Мандатот на СЈО за покренување обвиненија истекува на 30 јуни. Специјалната обвинителка Катица Јанева најави дека до Кривичниот суд до 1 јули ќе стигнат најмалку 15 нови обвиненија за случаи кои произлегуваат од прислушуваните разговори.

Досега тимот на Јанева отвори 19 истраги, а покренати само 3 обвиненија.

„Што се однесува на рокот за поднесување обвиненија, тоа е дискутабилно, се разговара на таа тема, се надевам дека ќе биде изнајдено решение во најбрз можен рок, а очекувајте дека и во наредниот период ќе отвораме истраги за други прислушувани разговори што имаат криминални материјали“, рече Јанева викендов на предавањето пред учесниците на Школата за природно право во Охрид. Таа се надева дека Судот ќе ги поддржи и потврди обвиненијата.

Парламентарното мнозинство ги известило координаторите на парламентарните политички партии дека е потребно да се постигне политички договор за законите за СЈО. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, извести дека законите во собраниска процедура ќе влезат во текот на неделата.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико