Еден месец нема закажано рочиште за случајот „Транспортер“ | Правдико

Правдико

   

Еден месец нема закажано рочиште за случајот „Транспортер“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Сè уште нема закажано судско рочиште за случајот „Транспортер“ откако на 5 април Специјалното јавно обвинителство поднесе обвинителен акт до Кривичниот суд за овој предмет. Од судот за Макфакс само потврдуваат дека обвинителниот акт е примен во архива, но нема информација дали е оценет од судија и дали осомничените поднеле приговори. Од СЈО за Макфакс велат дека немаат повратен одговор од Кривичен до каде е постапката.

Во обвинителниот акт напишан на 141 страница градоначалникот на Битола, Владимир Талески, секретарот на Општината, С.Б., и 19 директори на основни и средни училишта, како и управители на автопревозни фирми се осомничени дека направиле злоупотреби со превозот на учениците и  на инволвираните им донеле имотна корист од околу 360.000 евра, колку што изнесува разликата помеѓу вредноста на договорите за јавна набавка и износите исплатени на превозниците. Обвинението единствено се откажа од гонење на екс директорот на ОУ „Гоце Делчев“, (Ј.А.) кој во меѓувреме почина.

Ова е трето обвинение поднесено од СЈО, по случајот за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година и за случајот „Тврдина“.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико