Еден обвинет затоа што чувал марихуана во тегли од лутеница и ајвар | Правдико

Правдико

   

Еден обвинет затоа што чувал марихуана во тегли од лутеница и ајвар

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При претрес на домот на обвинетиот во Влае, на 14 декември 2019 година, беа пронајдени 28,66 грама наркотична дрога – марихуана, како и две дигитални ваги со остатоци од марихуана и психотропни супстанции. Обвинетиот 27-годишен скопјанец дрогата ја чувал во стаклени тегли со натпис „лутеница“ и „ајвар“.

Поради опасност од бегство и можност да го повтори кривичното дело што му се става на товар, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетото лице.

Препорачуваме

Партнери на Правдико