Еден обвинет затоа што криел марихуана во куќата на неговиот дедо | Правдико

Правдико

   

Еден обвинет затоа што криел марихуана во куќата на неговиот дедо

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 25-годишен скопјанец за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 16 јануари, во куќата на неговиот дедо во Чаир, неовластено заради продажба држел 105,55 грама наркотична дрога марихуана, спакувана во 23 зипер-ќесички. При претресот била пронајдена и дигитална вага со остатоци од марихуана.

Надлежниот јавен обвинител достави предлог за продолжување на мерката куќен притвор за обвинетото лице, која претходно беше определена од Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје.

Препорачуваме

Партнери на Правдико