Еден од најголемите шверцери на дрога уапсен во Шпанија | Правдико

Правдико

   

Еден од најголемите шверцери на дрога уапсен во Шпанија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Шпанската полиција уапси британец за кој се верува дека е на чело на еден од најголемите нарко картели во Европа.

239271_heroin-foto--reuter_ff

Властите во Мадрид изјавија дека Роберт Давс (44) од Нотингем, Англија, беше уапсен на 12 ноември во Беналмадена во јужна Шпанија и беше екстрадиран во Франција.

Поради истрагата, деталите за оваа операција се објавени денес.

Во соопштението се вели дека нарко групата предводена од Давс тргувала кокаин помеѓу Јужна Америка и Европа, а исто така го држела пазарот на хероин од Турција до Авганистан.

Шпанските власти велат дека повеќе од 50 лица кои биле поврзани со оваа криминална група биле уапсени во неколку земји во последните години, и 30 членови на нарко картелот биле уапсени во 2013 година во Франција, кога полицијата заплени 1,43 тони дрога скриени во патни торби во авион на “Ер Франс”.

Препорачуваме

Партнери на Правдико