Еден од уапсените Срби призна дека ги организирал нападите во Црна Гора | Правдико

Правдико

   

Еден од уапсените Срби призна дека ги организирал нападите во Црна Гора

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Српскиот државјанин Александар Синѓелиќ, еден од уапсените во акцијата на 16-ти октомври, односно изборниот ден во Црна Гора, пред црногорските полициски власти признал дека собирал луѓе и им обезбедил воена и полициска опрема, пишува подгоричкиот весник „Побједа“.

crna-gora-oruzje-novo

Според весникот, Србинот признал дека им помогнал на група луѓе да се соберат за на 16-ти октомври побрзо и посигурно да стигнат до зградата на Собранието на Црна Гора. Весникот „Побједа“ додава дека Синѓелиќ детално опишал како течеле подготовките за планираниот терористички напад, кого ангажирал и со кого од Црна Гора комуницирал за време на операциите кои требало да предизвикаат крвопролевање на изборната ноќ.

Синѓелиќ, кој заедно со поранешниот шеф на српската жандармерија, Братислав Дикиќ се сомничат дека ја организирале криминалната група која ги подготвувала терористичките напади во Црна Гора, бил сослушан во понеделникот во Истражниот затвор во Спужа.

„Побједа“ дознава дека Синѓелиќ бил ангажиран од двајца руски националисти, кои раководеле со една цела организација, за која се верува дека броела 500 лица. Двајцата руски националисти, чиј идентитет не е соопштен, барале од него да врбува членови на криминална организација, подготвени на 16-ти октомври да предизвикаат нереди, да пукаат на граѓаните и да го ликвидираат црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ.

Весникот додава дека засега е извесно дека се очекува апсење на овие двајца руски националисти, како и на политичари од една црногорска опозициска партија.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико